Можеби и ние ќе организираме „Пастрмајлијада“ во ЕУ, рече Гир од Штип

од Nikola Popovski

Евроамбасадорот Дејвид Гир вечерва присуствува на четиринаесеттата штипска „Пастрмајлијада“. Тој во своето обраќање до медиумите, зборуваше и на македонски јазик и порача дека му претставува големо задоволство што е присутен во Штип.

-Градоначалникот на Штип ми кажа дека овде ги има најдобрите пастрмајлии во земјата и затоа дојдов да ги пробам и да се уверам. Ова е прекрасна македонска традиција и мислам дека ние во ЕУ ќе научиме нешто од ова и можеби и ние ќе имаме „Пастрмајлијада“ во Европската Унија, гледајќи искуството од Штип, рече Гир.

На прашањето дали има пробано пастрмајлија досега, Гир рече дека пробал еднаш во летниот период.

-Но тоа е погрешно време за да вкусите и со задоволство очекувам да пробам вечерва, кажа евроамбасадорот.

Слични содржини