Можете ли да го замислите животот без мобилен телефон?

од desk2

Едно од последните истражувања покажува дека седум од десет испитаници не можат да поднесат да бидат без мобилен телефон. Сите испитаници изјавиле дека во просек минуваат по три и пол часа дневно користејќи мобилен телефон.

Во истражувањето се испитани навиките на 2.000 сопственици на смартфони, а открива дека скоро 60 проценти од нив се чувствуваат посигурни со мобилните. Тројца од 10 испитаници изјавиле дека рутински го проверуваат мобилниот што се пробудат.

Според анкетата, седум од десет испитаници не можат да издржат без нивните мобилни. Двајца од пет испитаници ризикувале да се здобијат со повреди додека гледале во телефонот при трчање или пешачење.

Истражувањето покажале дека мобилниот најмногу се користи за праќање пораки, повици и разговори преку WhatsApp и слични апликации.

Слични содржини