Можна е размена на украинските морнари за Руси

од desk2

Русија би можела да ги предаде 24 украински морнари, кои ги зароби во близина на брегот на Крим, во рамките на Договорот за размена на затвореници со Украина, објавија руските медиуми повикувајќи се на неименувани дипломатски извори.

Според нив, на украинските морнари прво ќе им се суди во Русија пред да биде постигнат каков било договор за размена. Тие тврдат дека голем број Руси се во притвор во Украина, кои би можеле да бидат предмет на размена.

САД и Европската унија ја повикаа Москва да ги ослободи морнарите, кои се во притвор откако во ноември руската воена морнарица задржа три украински бродови заедно со нивните екипажи.

Се уште не е утврден датум за судењето на украинските морнари.

Украинските морнари изјавија дека се воени затвореници, но таквиот нивен статус го оспори Москва

Слични содржини