Можна средба на Путин и Бајден до крајот на годината

од Milan1

Состанок на рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден е можен во некаков формат до крајот на годината, изјавил денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков, на прес-конференцијата, рекол дека помошникот руски претседател Јуриј Ушаков и заменик американскиот државен секретар за политички прашања Викторија Нуланд, на својот неодамнешен состанок разговарале за “различни опции и дека е постигнато извесно разбирање”.

“Ќе ве известиме кога ќе бидат финализирани деталите околу форматот и датумот”, рекол Песков.

Запрашан дали таков состанок е можен оваа година, Песков рекол дека „тоа е реална опција во еден или друг формат”.

На пленарната седница на Руската недела на енергијата на 14-ти октомври, Владимир Путин рекол дека Нуланд во текот на посетата на Москва ја отворила можноста за контакт на највисоко ниво.

Путин и Бајден имале состанок на 16-ти јуни во Женева. Тоа била нивната прва средба “очи во очи”, како и прв самит Русија-САД од 2018-та година.

Слични содржини