MOZZART преку акцијата „Милион причини за гол“ донираше два милиони денари

од Берта Китинска

Компанија Mozzart го исполни ветувањето кое го даде пред почетокот на Европското фудбалско првенство, а го најави македонската фудбалска легенда Дарко Панчев – преку акцијата „Милион причини за гол“ во хуманитарни цели Mozzart донираше 2.000.000 денари.

Македонската фудбалска репрезентација ова лето имаше историски настап на Европското првенство. Погодоците на Пандев и Алиоски донесоа голема радост на целата нација, но и одличен износ во хуманитарни цели. Mozzart за време на првенството организираше акција „Милион причини за гол“ каде за секој погодок на нашите репрезентативци донира милион денари во хуманитарни цели. Промотер на кампањата беше македонската фудбалска легенда Дарко Панчев, кој предложи парите да се донираат во две здруженија – „Борка“ (Здружение за борба против рак) и „Дајте ни крилја“ (Здружение на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби).

„Ми претставува огромна чест што бев дел од ваков голем проект на компанијата Mozzart. Сите навивавме со цело срце за нашите репрезентативци, но со кампањата „Милион причини за гол“ имавме дополнителна причина да навиваме за што повеќе голови. Се надевам дека и во иднина ќе има вакви акции преку кои ќе се помага онаму каде што е потребно.“ – изјави Дарко Панчев.

Донацијата од еден милион денари за „Борка“ ја прими Биба Додева, претседател на здружението.

„Навистина сме пријатно изненадени, му благодариме на Дарко Панчев за предлогот и на Mozzart за оваа донација. На болните од рак им е потребна нашата поддршка, сега повеќе од било кога. Малигнитетот за жал е се уште причина број еден за смртност во светот. Донираните средства ќе ни помогнат да продолжиме со нашите активности и да помагаме и влијаеме за суштински промени во нашиот здравствен систем. Квалитетни лекови, навремени прегледи и здравство достапно за сите е тоа кон што целиме. Среќни сме што ја препознавте нашата работа, општествени и одговорни компании и личности се клучни за нашата борба. Уште еднаш големо благодарам од името на сите Борки!“ – изјави Биба Додева, претседател на здружението.

На свеченото предавање на донацијата за „Дајте ни крилја“ присуствуваа Ребека Јанковска Ристески – почесен претседател на здружението и Катарина Ивановиќ, претседател на здружението Дајте ни крилја.

„Во името на Здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја“ – Скопје, би сакала да ја изразам нашата огромна благодарност до компанијата Mozzart. Уште еднаш се убедивме дека се уште постојат општествено одговорни компании како Mozzart, кои знаат да ја препознаат оваа маргинализирана група на граѓани која ја застапуваме ние и да го дадат својот придонес во подобрување на нивниот секојдневен живот. Се надеваме дека овој позитивен и хуман гест ќе биде пример и поттик и за останатите компании да го дадат својот придонес за овозможување на достоинствен живот на оваа група на граѓани.“ – изјави Катарина Ивановиќ, претседател на здружението Дајте ни крилја.

„Навистина сме среќни кога успеваме да ги поврземе спортот и желбата да помогнеме некому. Би сакала да се заблагодарам на нашата фудбалска легенда Дарко Панчев што ја поддржа акцијата „Милион причини за гол“ каде преку донации во одбраните здруженија барем малку ќе создадеме насмевка на лицата и ќе го олесниме животот на поединците.“ – изјави Ивана Ололовска, маркетинг менаџер во Mozzart.

Слични содржини