Мртви птици паѓаат од небото: „Вака започна Чернобил“ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

На руските социјални мрежи, корисниците споделиле видеа на кои се гледа како десетици мртви птици паѓаат од небото и лежат на улиците во градот Балаково.

Како што пишува „Раша Тудеј“, во тој град има нуклеарна централа.

Првите слики од овој необјаснет феномен се појавија на руската социјална мрежа „V контакти„ ,на страницата „Типично Балаково“, посветена на градот кој се наоѓа на околу 1.000 километри јужно од Москва.

Во коментарите под сликите, локалното население навело голем број теории за тоа што може да предизвика масовна смрт кај птиците.

Додека некои укажуваа на природни феномени, како што се силни ветрови или судир на две стада, други обвинија за огномет, загадување, па дури и за мрежата 5G, иако сеуште не постои во Русија.

Коментарот кој доби најмногу лајкови потсетува дека хит ТВ-серијата на мрежата на HBO „Чернобил“, чија тема е нуклеарниот инцидент од осумдесеттите, започнува со умирање на птици.

Ветеринарниот оддел на Саратов објавил дека ја истражува причината за овој инцидент, додека се појавуваат теории дека може да станува збор за птичји грип.

Некои корисници на социјалните мрежи, сепак, не им веруваат на експертите од Саратов и покануваат експерти од Москва да дојдат во Балаково за да утврдат за што станува збор.

Слични содржини