МЦМС: Пендаровски во водство од 3,7 отсто пред Силјановска

од Vladimir Zorba

Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ и ДУИ, е во водство (27,2%) пред Гордана Силјановска, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ (23,5%).

Ова го покажаа резултатите од истражувањето направено од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) Скопје на барање на ТВ „Телма“.

Поддршката за Блерим Река, кандидат на Алијансата за Албанците и на Беса е 11,0% од испитаниците што е речиси идентична со таа од претходната анкета.

Силјановска има поголема поддршка кај е етничките Македонци (32,6%) за разлика од Стево Пендаровски (28,6%). Пендаровски пак има поголема поддршка кај етничките Албанци (20,5%) отколку Силјановска (0,4%).

Поддршката за Пендаровски кај етничките Албанци е поголема за 5,3 процентни поени во однос на претходната анкета. Најголем дел од етничките Албанци одговориле дека ќе гласаат за кандидатот Блерим Река (41,6%).

Aнкетата ја спроведоа МЦМС и ИДСЦС, за ТВ Телма. Податоците беа прибирани со телефонска анкета во периодот од 7 до 11 април 2019 година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 967 испитаници. Целосниот извештај можете да го најдете на следниот линк!

Слични содржини