МТСП и општина Велес ќе ги погребаат децата што изгореа во пожар

од Vladimir Zorba

Семејството на трите деца кои вчера настрадаа во пожар во Велес биле корисници на социјална парична помош, информира денеска Министерството за труд и социјална политика.

– Денес, општина Велес во соработка со Центарот за социјална работа се ангажираат за организирање на погребот за настраданите деца. Во тек е истрагата на Основното јавно обвинителство и МВР – соопштија од МТСП.

Јавното обвинителство информираше дека родителите ги заклучиле децата и заминале во продавница, а за тоа време, од засега непознати причини, избувнал пожар и за кратко време ја зафатил куќата во која животот го загубија три деца на возраст од четири, две и една година. Увид на лице место извршил надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес кој издаде наредби за обдукција на телата на починатите деца и вршење на идентификација. Ќе се врши проверка на трагите земени од лице место за да се утврдат причините за настанување на пожарот, пишува 24 вести.

Слични содржини