МТСП: Се укинуваат Ковид протоколите во предучулишните установи

од Берта Китинска

Владата на Република Северна Македонија на редовната 42-ра седница ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб утврдени според препораките на Комисијата за заразни болести.

-Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување мна возрасни лица и лица со попреченост.Поради тоа, Министерството за труд и социјална политика, ја известува јавноста дека спроведувањето и почитувањето на општите и посебни мерки и протоколи за заштита од Ковид 19 во предучилишните установи престануваат да важат, соопштија од МТСП

Слични содржини