Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во интервју за Алсат ТВ, информираше дека Министерството во моментот работи на измени и дополнување на Законот за заштита од вознемирување на работното место. Според неа целта на измените се работниците да бидат што повеќе охрабрени да пријавуваат мобинг на работното место.

Работиме на измени и дополнувања за јакнење на заштитниот механизам на работниците. Моменталното решение не нуди поголема заштита. Поради тој аспект одиме на промена на ова законско решение. Во моментов воспоставената Комисија за заштита од дискриминација има можност да постапува во случај на пријава на мобинг. Комисијата има надлежност и можност да истражува, да доаѓа до докази кои ќе одат во прилог на едната или на другата страна, рече министерката Тренчевска.

Слични содржини