МТСП: Законот за пензиско осигурување им дава можност на жените да остварат право на пензија на 62 години возраст

од Берта Китинска

Министерството за труд и социјална политика информира дека во согласност со Уставот на Република Македонија правото за пензионирање на мажите и жените во однос на возраста е изедначено и тие се пензионираат на 64 години.

-Но, Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во член 18, им остава можност на жените да заминат во пензија и на 62 години, доколку тие така одлучат.

Предложените измени на Законот за работни односи се однесуваат само на укинување на можноста за продолжување на работниот век до 67 години, но не предвидуваат измени во однос на укинување на можноста жените да се пензионираат на 62 години, но само доколку тие самите така одлучат.

Во спротивно, во согласност со Законот за пензиско и инвалидно осигурување и жените, како и мажите, правото на пензија го остваруваат со навршени 64 години возраст и 15 години стаж, стои во соопштението.

Слични содржини