Му дале знак за запирање: Директорот на „Македонија пат“ не застанал на полициски пункт во Тетово

од Берта Китинска

Полициски час

На 20.05.2020 околу 21.20 часот на улицата Илинденска во Тетово, полициски службеници дале знак за запирање на возило „range rover“ со скопски регистарски ознаки, кое не застанало и продолжило со движење кон Гостивар.

Во 21.40 часот на наплатната рампа Желино возилото било запрено од полициска патрола и било констатирано дека се работи за Б.М., кој се претставил како директор на „Македонија Пат“. По наредба на Јавен обвинител на лицето ке му биде издаден платен налог по член 211 став 4, од Законот за безбедност во сообраќајот, соопштија од МВР.

 

Слични содржини