Му го удриле возилото пред угостителски објект, па го нападнале со дрвени предмети

од Nikola Popovski

Полицијата информира едно лице со своето возило удрило во паркиран автомобил, по што сопственикот на паркираното возило бил и физички нападнат.

„Вчера во 19.30 часот во СВР Скопје Н.Р.(31) од Скопје пријавил дека околу 14.30 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, каде бил паркиран со патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, бил удрен од патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш., со кого се познавал од претходно. Според пријавеното, подоцна бил и нападнат со дрвени предмети од две лица кои биле во возилото“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини