Му го застрелал кучето на соседот во двор

од Nikola Popovski

Во текот на вчера рано наутро во Полициската станица Драчево било пријавено дека на ул.„Малешевска”, К.В.(67) од Скопје испукал два куршуми од пиштол и повредил куче, сопственост на негов сосед, кое било во неговиот двор.

Според пријавеното, претходно К.В. пријавил дека неговиот сосед ги чува кучињата без надзор.

Полициски службеници излегле на местото и од К.В. бил одземен пиштолот, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини