Му нудат договор на Меси ако признае дека Пеле е подобар од Марадона

од Nikola Popovski

Лео Меси стана слободен агент, откако му истече договорот со Барселона, па започнаа бројни шпекулации дали Аргентинецот ќе остане во Каталонија или ќе се пресели во некој од заинтересираните европски гиганти.

Додека само се шпекулира за вакви опции, еден клуб излезе јавно со конкретна понуда за Меси.

Бразилскиот нисколигаш Ибис Спорт Клуб, кој влезе во Гинисовата книга на рекорди како најлош клуб во светот затоа што не победил никого во период од три години и 11 месеци, испрати официјална понуда до Аргентинецот.

Неколку бизарни клаузули се вклучени во договорот.

За почеток, договорот ќе трае дури 15 години, почнувајќи од денот на потпишувањето.

Втората точка нагласува дека играчот би бил платен по учинок. Сепак, таа е во судир на интереси со следниве ставки, според кои Меси не смее да постигнува многу голови или да стане шампион. Повреда на овие клаузули може да резултира со раскинување на договорот.

Исто така, Меси не смее да го носи омилениот број 10 затоа што е во сопственост на Мауро Шампуа, омилен фан познат по својата раскошна фризура.

Во последната клаузула се вели дека Меси мора да рече трипати пред огледало дека Пеле е подобар од Марадона.

Слични содржини