Му се заканува затвор на тату артистот: Манекенката си ги тетовирала очите па ослепела

Манекенка од Полска, Александра Садовска (25) во потполност го изгубила видот во едното око откако одлучила дека ќе ги тетовира очите. Лекарите ѝ рекле дека е прашање на време кога ќе го изгуби видот и во другото око и потполно да ослепи.

Садовска на овој потег се одлучила со желба да го ископира стилот на полскиот рапер и боксер Попек, кој исто така има црни очи. По објавување на процесот, се пожалила на болка во очите, а тату мајсторот ѝ рекол дека тоа е сосем нормално, па и препорачал да се напие нешто против болки.

Манекенката поради тоа одлучила да го тужи тату артистот, а истрагата покажала дека тој за време на процедурата направил низа грешки. Користел игла наменета за тетовирање на кожата и која не би смеела да дојде во контакт со очи. Поради сето тоа тој би можел да биде осуден на неколку години затвор.

Тату артистот изјавил дека не се чувствува виновен, а решението на случајот се очекува наскоро.

Слични содржини