Муареми негативен на корона тестот

од Aleksandar Petrovski

Aрафат Муареми, директор на Управата за финансиска полиција е негативен на тестот на коронавирус.

-Ве известувам дека ги добив резултатите од тестирањето за Ковид-19 и истите се НЕГАТИВНИ. Согласно препораките на епидемиолозите и понатаму останувам во домашна изолација до 09.06.2020. Воедно, сакам да ви искажам бескрајна благодарност за пораките и за грижата која што ја добив од ваша страна по вчерашното објавување на веста. На сите оние кои што во овој момент се борат против вирусот им посакувам брзо закрепнување, а до сите останати сакам да упатам апел за строго почитување на мерките и препораките од надлежните институции, напиша Муареми на својот Фејсбук профил.

Слични содржини