Мудра легенда: Дали сте храбри да ја дознаете вистината?

од desk4

Оваа чудесна легенда крие во себе мудра приказна за вистината и лагата – дали сте доволно храбри да ја запознаете голата вистина?

Вистината и Лагата се сретнале еден ден. Лагата ѝ рекла на вистината: „Денеска е навистина прекрасен ден.“

Вистината погледнала во небото и со олеснување видела дека денот е навистина убав. Тие двете поминале многу време заедно, шетале по прекрасните ливади и стигнале до една река.

Тогаш Лагата ѝ се обратила на вистината: „Водата е преубава, ајде да се искапеме.“

Вистината проверила и сфатила дека водата е навистина пријатна. Ги соблекле своите алишта и почнале да пливаат. Одеднаш Лагата излегла од водата, се облекла но и ја украла облеката на Вистината и побегнала.

Вистината излегла од реката, обидувајќи се да ја пронајде Лагата и да ја земе својата облека.

Светот гледал во голата Вистина, со осуда, бес и со вртење на погледот. Тогаш таа се вратила во реката и дозволила течението да ја однесе засекогаш, криејќи го така својот срам.

Оттогаш, Лагата патува низ светот носејќи ја облеката на Вистината, задоволувајќи ги потребите на сите, затоа што светот сè уште не е спремен да ја запознае голата вистина, ниту пак има желба за тоа.

Слични содржини