Мухамед Зекири и неговата сопруга Бисера Јордановска добија ќерка

од Ивана Рамаданова

Поранешен новинар и пратеник и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири и неговата сопруга, поранешната директорка на АлсатМ, Бисера Јордановска, добија ќерка.

Среќата за новиот член во семејството, Зекири преку социјалните мрежи ја сподели со јавноста.

,,Благодарни сме Господе што на овој ден, 24.02.2020, нè израдува со ќеркичка. На овој свет денеска дојде Далиа Нани Зеќири, 50 см и 3.280 г. Бескрајно благодарни сме Господе што го израдува нашето семејство. Се молиме Господе оваа радост која ние ја почувствувавме денеска, да ја почувствуваат и сите оние парови кои посакуваат да имаат деца!!! Амин “, објави Мухамед Зекири, поранешен новинар и пратеник и потпретседател на СДСМ.

Мухамед Зекири и Бисера Јордановска по повеќегодишна љубовна врска стапија во брак минатата година. Јордановска од првиот брак има син, а Зеќири две ќерки.

Слични содржини