Мухамед Зекири позитивен на Ковид-19

од Nikola Popovski

Потпрестедателот на СДСМ Мухамед Зекири на својот Фејсбук профил објавил дека е позитивен на коронавирусот.

Тој информирал дека заедно со сопругата и неговата три месечна ќерка добиле позитивни резултати од тестирањето за Ковид-19.

„За среќа јас немам никаков симптом но резултирав позитивен. Затоа уште еднаш апелирам до сите да не го потценувате вирусот и можноста за зараза и да бидете максимално внимателни. Доколку кај вас или ваши блиски забележите и најмал симптом консултирајте ги матичните лекари и не одбивајте да се тестирате. Изразувам жалење и се извинувам доколку несвесно последниве денови сум довел некого во незавидна позиција“, напиша Зекири.

Слични содржини