Мухиќ: Ова што го бара Бугарија е експлицитно кршење на правото за самоопределување

Во своето гостување во „Само интервју“, универзитетскиот професор, Ферид Мухиќ посочи дека е апсурно да се негира нечија националност и да се крши нечие право на самоопределување содржено и во Конвенциите за човековите права.

„Јас сум дел од изненадените во поглед на односот и мотивот на Бугарија за блокирање на почетокот на преговорите со ЕУ, и тоа е несфатливо. Ги слушнавме експлицитите кои говорат дека до 1944. сме биле Бугари, а потоа Македонци. За ваквите прашања не се разговара. Правото на самоопределување е суверено, а ова од Бугарија е експлицитно кршење на Конвенциите за човекови права. Иван Асен Втори е подемот на Бугарската историја кој трае околу една деценија и присуство на Бугарија во Македонија, додека Цар Самоил е Ермен и своето царство го основал на Македонска територија. Не треба да заборавиме дека до 1911. година, Турција беше тука. Оттаму, немаме никаква заедничка историја до 1911. Ова е без преседан. Но, ако прифатиме, тогаш ништо не се крши. Секој кој ќе прифати дека е нешто, тоа е апсолутно релевантно. Сепак, на ЕУ им одговара ова што го прави Бугарија и сметам дека генерално се земјите членки скептици кон Западен Балкан“, посочи Мухиќ.

Слични содржини