Мукоски до Милошоски: Ти си типичен пример за уплашен човек кој еден ден ќе одговара пред законите

од Aleksandar Todeski

Пратеникот Крсто Мукоски во реплика му посочи на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски дека она што денеска го кажувал е типичен пример на уплашен човек, криминалец кој еден ден ќе одговара пред законите.

„Жал ми е за партијата ВМРО-ДПМНЕ, која не можете да ја присвоите. Партијата е заложник на двајца-тројца криминалци како вас и се претвори во партија како Златна зора и радикалите на Шешељ. Ве молам ова да го пријавите. Што се однесува до 27 април, Крсто Мукоски си го одлежа своето за грешката. Жалам што такви како тебе, што заедно со оној што избега, а ги упатуваа горе луѓето и викаа целта е Заев, денеска се тука“, рече Мукоски.

А.Т.

Слични содржини