Мукоски кон поранешните сопартијци кои протестира пред неговиот дом: Контраефект правите,…

од desk2

Независниот пратеник, Крсто Мукоски, ги покани во својот дом дел од демонстрантите кои протестираа вчера пред неговиот дом. На поранешниот сопартиец, Филип Петровски, тој му рече дека со протестот се прави контраефект и го замоли да им рече на демонстрантите да се повлечат.

-Морате да ги разберете. Се возат шест саати, луѓето се љути. Дојдовме со добра намера да ти го дадеме писмото – рече Петровски, кој му го даде протестното писмо на пратеникот.

-Ако сакате да разговараме влезете внатре. Како добар човек и домаќин ќе ве примам дома. Кажете им на луѓето да се повлечат. Контраефект правите. Влезете да поразговараме како што треба. Штом сте ми дошле дома, коректно е да ве поканам внатре, да пиеме кафе, ракија, да помуабетиме и со здравје да одите – возврати Муковски.

Демонстрантите синоќа пред домот на Мукоски пееја патриотски песни и палеја свеќи. Протестот е организиран од движењето „Македонија блокира“ кое има намера во следниот период да блокира сообраќајници и да протестира пред домовите на независните пратеници за да ги убеди да гласаат против уставните измени./Fokus

Слични содржини