„Мундо“: Двете ѕвезди на Сити сакаат да одат во Барса, договорена е голема размена

од Stefanija Kuzmanovska

БАРСЕЛОНА веќе ги доведе Серхио Агуеро, Ерик Гарсија, Емерсон и Мемфис Депај за следната сезона, но каталонскиот клуб не планира да застане тука.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека е во тек голема операција која ќе ги донесе Бернард Силва и Жоао Кансело од Манчестер Сити на „Камп Ноу“ со еден потег. Во спротивна насока треба да заминат Серхи Роберто и Усман Дембеле.

Каталонците пишуваат дека пред една недела претседателот на Барселона, Жоан Лапорта и менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола биле на вечера и дека нивните клубови се отворени за размена на неколку играчи. Причините не се само од спортски карактер, туку клубовите ќе можат полесно да ги балансираат финансиските книги за оваа година преку овие размени.

„Мундо Депортиво“ тврди дека португалските фудбалери Кансело и Силва се отворени за преселба во Барселона и дека им се допаднала идејата. Роберто би сакал повторно да работи со Гвардиола, а единствениот проблем може да биде Дембеле, но челниците на Барселона се очекува денес да разговараат со агентите на францускиот фудбалер и да им објаснат дека би било најдобро Дембеле, вториот најскап фудбалер во историјата на Барселона, да го напушти клубот ова лето.

Слични содржини