Мунир може да направи деби за Севиља без ниту еден тренинг

од Vladimir Zorba

Новата аквизиција на Севиља, Мунир Ел Хадади официјално позираше со дрес на „Рамон Санчез Писхуан“. 23-годишниот фудбалер беше привлечен од Барселона за трансферна сума од околу 1 милион евра и потпиша договор со „бело-црвените“ до летото 2023 година.

Шпанецот со марокански корени објави емоционална порака на Twitter, за збогување со Барса и навивачите на каталонците. „Ја доживеав реалноста да играм со најголемите во фудбалот. (…) Јас секогаш ќе ве носам во срцето“, напиша тој.

„Мунир не сакаше да е во втор план и затоа ја избра Севиља. Ова е совршен клуб за него. Ќе се обидеме да му помогнеме да го покаже најдоброто од себе“, изјави тренерот на тимот Пабло Мачин на прес-конференција од Билбао.

Необично е што Мунир денес ќе лета во Билбао и дури може да се приклучи кон групата за мечот, вели „Радио Марка“. Значи, иако напаѓачот се уште немал тренинзи со своите соиграчи, тој може да се најде на теренот поради проблемите со составот и акумулираниот замор на андалузискиот тим. Нолито доживеа тешка повреда, а Франко Васкез и Даниел Карисо се казнети.

Слични содржини