Актуелно
Почетна / Спорт / Мурињо: Ако се пласирам со Тотенхем во топ 4, тоа ќе биде…

Мурињо: Ако се пласирам со Тотенхем во топ 4, тоа ќе биде…

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо смета дека евентуалниот влез на Спарси во топ 4 ќе биде неговиот најголем успех по тековните околности.

И покрај големите достигнувања и трофеи во самата кариера, Мурињо признава дека ситуацијата во Тотенхем во моментов значи дека пласман во топ 4 ќе биде сериозен триумф. Ова е особено точно по загубата на вездите Хари Кејн и Хјун-мин Сон за долго време. Корецот дури ќе биде аут од терените до крајот на оваа кампања.

Во претходните години тој тврдеше дека да се биде второпласиран со Манчестер Јунајтед во сезоната 2017/2018 е неговото најдобро достигнување, но очигледно кризната состојба ги смени ставовите.

„Според околностите, мислам дека Топ 4 со Тотенхем дефинитивно би било најдоброто достигнување во мојата кариера“, беше краткиот одговор на Мурињо на темата.

Тотенхем оди на гости кај Челзи во големото дерби од 27-то коло, а средбата е утре со почеток во 13:30 часот.

loading...