Мурињо: Едниот гол на „Тоше Проески“ беше за 5 сантиметри понизок

од Vladimir Zorba

Фудбалерите на Тотенхем успешно ја надминаа пречката наречена Шкендија во квалификациите за Лигата на Европа.

Англискиот тим славеше со резултат 3:1, а претходно менаџерот на петлите, Жозе Мурињо забележа и потврди дека пречката на еден од головите е помала.

Имено, пред натпреварот, заедно со голманот Уго Лорис, сфати дека голот на стадионот „Тоше Проески“ е за пет сантиметри понизок.

Веднаш ги извести судиите, побара да се смени конструкцијата на тој гол, но немаше време за тоа.

Наместо тоа, голот беше подигнат до потребната висина.

„Веднаш забележав дека нешто не е во ред. Го поканивме делегатот на УЕФА да ги провери головите, а тој изјави дека едниот е за пет сантиметри понизок. Побаравме да биде заменет “, изјави Мурињо.

Тотенхем следниот четврток во Лондон ќе игра против Макаби Хаифа во плејофот.

Слични содржини