Мурињо: Ги сакам сите спортови освен еден, што воопшто не го разбирам

од Stefanija Kuzmanovska

Жозе Мурињо нема да мирува и покрај отказот во Тотенхем. „Специјалниот“ ќе се врати во Италија по 11 години и голем успех во Интер, каде се согласи на тригодишна соработка со Рома.

Харизматичниот Португалец секогаш привлекува големо внимание и за време на мечевите покрај аут линијата и на прес-конференциите. Сега го привлече вниманието во интервју за англиски „The Sun“, каде откри дека е голем љубител на скоро сите спортови. Но еден не го разбира и не го поднесува.

– Целосно сум преокупиран со спортот. Ги сакам Олимписките игри, зависен сум од Формула 1, од тенис, но има еден спорт што воопшто не го разбирам. Крикет. Додека работев за Боби Робсон, не можев да разберам зошто беше толку опседнат со овој спорт – изјави Мурињо.

Инаку, Мурињо соработуваше со легендарниот Робсон во три клуба, Спортинг, Порто и Барселона.

Слични содржини