Мурињо го промовираше своето прво засилување во Рома

од Nikola Popovski

Португалскиот голман Руи Патрисио пристигна во Рим каде треба да потпише договор со фудбалскиот клуб Рома, и со тоа да стане првото засилување на новиот тренер Жозе Мурињо.

Клубот од Рим на својот Твитер профил објави фотографија од 33-годишниот голман на аеродромот во главниот град на Италија.

Локалните медиуми наведуваат дека Рома му платила на Вулверхемптон, неговиот претходен клуб, од 10 до 11,5 милиони евра, со цел тимот да го ослободи од договорот.

Пред да го потпише тригодишниот договор, Португалецот успешно ги помина лекарските прегледи, а во Рома треба да заработува два милиони евра по сезона.

Слични содржини