Мурињо го следеше натпреварот со Специја од автобусот на Рома

од Vladimir Zorba

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо избра да го следи натпреварот на неговиот тим против Специја од клупскиот автобус. Португалецот беше казнет и затоа не го предводеше својот тим на овој натпревар. Тој имаше можност да биде на трибините на стадионот „Алберто Пико“, но очигледно преферираше нешто друго.

Откако не беше виден никаде на стадионот, тајната на неговото отсуство ја открија фотографиите на Инстаграм кои ги објави неговиот помошник. Тие покажуваат како заедно гледаат на лаптоп во автобусот. Изгледа дека Мурињо ја преферирал оваа опција за да може мирно да дава инструкции за своите играчи преку телефон.

Рома на ова гостување оствари мачна, но вредна победа со 1:0, со голот на Тами Абрахам во продолжението.

Слични содржини