Мурињо ја повикува легендата на Реал да дојде во Рома

од Nikola Popovski

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо разговарал со поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Серхио Рамос, а римскиот клуб ја разгледува можноста да му понуди договор, објавија италијанските медиуми.

Рамос го напушти Реал по 16 сезони и многу европски клубови се заинтересирани за него.

Како што објави Калчомеркато, меѓу заинтересираните е и Рома, чиј тренер телефонски разговарал со 35-годишниот дефанзивен играч.

Наведено е дека тоа бил пријателски разговор, за време на тежок ден за поранешниот капитен на Реал Мадрид, но и можност да разговор за неговата иднина.

Мурињо и Рамос еднаш веќе соработуваа во Реал Мадрид.

Португалскиот тренер се надева дека би можел да го убеди Рамос да дојде во Рим, но прва пречка за Рома може да бидат неговите барања во врска со платата.

Рамос има освоено пет титули во Примера дивизион со Реал, четири Лиги на шампиони, два Копа дел Реј, четири Суперкупа на Шпанија, три Суперкупа на Европа и четири трофеи на Светски клупски шампиони.

Тој не беше повикан во репрезентацијата на Шпанија за Европското првенство што е во тек.

Слични содржини