МУРИЊО КОН АНГЛИЧАНИТЕ: Жалосно е како се пласиравте во финалето!

од Vladimir Zorba

Англиските фудбалери се пласираа во финалето на Европското првенство по победата над Данска со 2:1.

Утрото по полуфиналниот натпревар, сите зборуваат и пишуваат за пеналот што холандскиот судија Дани Макели го досуди за Англија.

Стерлинг падна во шеснаесетникот, а подоцна Кејн успеа да го совлада Шмајхел од втор пат и да го одведе „Гордиот Албион“ во првото финале на Европското првенство.

Легендарниот Жозе Мурињо верува дека Данците се оштетени.

– Не сум сигурен дека сакате да слушнете што ќе ви кажам. Сепак, ќе кажам што видов. Можеби не ви се допаѓа … Не беше пенал! Победи подобриот тим, Англија е фантастична и заслужено е во финалето, но тоа никогаш нема да биде пенал. Не ја разбирам одлуката на судијата, особено на ова ниво и во полуфиналето на ЕУРО. Ја разбирам уште помалку одлуката на судиите од просторијата ВАР да не реагираат. Како љубител на фудбалот, среќен сум што Англија е во финалето, но исто така и тажен на начинот на кој се пласираа. Не знам како судијата ќе заспие после ова“, изјави Мурињо.

Слични содржини