Мурињо му ветил копачки од 800 евра на 18-годишниот херој на Рома

од Vladimir Zorba

18-годишниот талент Феликс Афења-Џиан стана херој на Рома постигнувајќи два гола за победата над Џенова од 2-0. Младиот Ганец доби заслужени пофалби од тренерот на „волците“ Жозе Мурињо, кој вети дека ќе му даде посебен подарок.

„Му ветив на Феликс дека ќе му ги купам копa;kite што ги сака. Скапи се, чинат 800 евра, па притрча кај мене и ми рече да не го заборавам ветувањето. Утре наутро ова ќе биде првото нешто што ќе го направам“, изјави задоволниот Мурињо и додаде дека напаѓачот веќе ќе биде дел од првиот тим.

„Најмногу ме импресионираше неговата смиреност пред голот. Можеби не е фантастичен во однос на техниката, но секако има силен карактер. Повеќето млади мислат дека знаат сè, но Феликс е поинаков. Тој учи од луѓето околу него и тоа многу ќе му помогне“, вели Специјалниот.

„Натпреварот беше тежок, но ние бевме подобриот тим. Мхитарјан играше напорно. Чувствував дека влегувањето на Афења-Џиан со неговата фorma и енергија ќе ни користи. Тој е тип на напаѓач кој постојано ги притиска противничките дефанзивци и ги тера да грешат“, додаде Мурињо.

Слични содржини