Мурињо незадоволен од преодниот рок

од Vladimir Zorba

Tренерот на Рома, Жозе Мурињо изјави дека е загрижен бидејќи римскиот клуб досега во преодниот рок доведе само тројца играчи, пренесуваат италијанските медиуми.

Рома досега ги ангажираше Немања Матиќ, Миле Свилар и Зеки Челик.

Италијанските медиуми потсетуваат дека двајца од тројца од овие фудбалери пристигнале во Рим без обештетување.

„Можете ли по изгледот на моето лице да забележите дека сум загрижен? Малку сум фрустриран од преодниот рок. Но, не грижете се, не грижете се“, рече Мурињо, а пренесува „Кориере дело Спорт“.

Рома минатата сезона ја освои Конференциската лига.

Слични содржини