Мурињо носи топ засилување на лето?

од Vladimir Zorba

Поранешниот капитен на Аталанта, Папу Гомез, кој не се покажа во вистинско светло со тимот од Бергамо поради конфликтот со Џан Пјеро Гасперини, би можел за година и пол да се врати во Италија.

Аргентинскиот фудбалер игра значајна улога со Хулен Лопетеги во Севиља, но срцето сепак го носи во правец Италија, каде што помина помалку од седум години во Бергамо.

Според информациите, агентот на фудбалерот Бепе Рисо веќе отпатувал во Севиља за да се сретне со играчот.

Без разлика на возраста, нема да недостига интерес, но Рома би можела да има најголема корист од се.

Причината е што Севиља и Рома ги поврзува познатиот спортски директор Мончи, кој е заинтересиран да го доведе Брајан Кристанте од „Олимпико“, кого пред три години го донесе од Аталанта.

Сега би можел да го добие во Севиља, а за возврат Жозе Мурињо да доведе играч од врвна класа како Гомез.

Прашањето е само дали Гомез би сакал да се приклучи на ваква Рома!?

Слични содржини