Мурињо објасни зошто ја одбра Рома

од Stefanija Kuzmanovska

Беше судбински врзан за Интер, се веруваше дека нема друг клуб во Серија А за него, но Жозе Мурињо се враќа во Италија и тоа на чело на ривалот Рома.

Веста дека тој ќе ја води „волчицата“ од следната сезона одекна како бомба.

„Му благодарам на семејството Фридкин што ме избра да го водам овој голем клуб и што ме направија дел од нивната визија“, рече Мурињо.

„Веднаш по разговорот, сфатив кои се амбициите на овој клуб. Ние сакаме да тргнеме заедно на победнички пат во годините што доаѓаат. Неверојатната страст на навивачите на Рома ме убеди да ја преземам работата и едвај го чекам почетоко на следната сезона“, рече Португалецот.

Мурињо неодамна доби отказ во Тотенхем.

Тој го напушти Интер пред 11 години, по историскиот „требл“.

Слични содржини