Мурињо по пласманот во полуфиналето на Конференциската лига: Подобри сме отколку што мислат луѓето

од Vladimir Zorba

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо ги пофали своите играчи по победата од 4:0 над Бодо / Глимт, со која „волците“ се пласираа во полуфиналето на Конференциската лига.

„Најважно е што сме во полуфинале. Од првите минути почнавме силно да притискаме. Дејствувавме силно и бевме стабилни во одбраната. На 2:0 почувствувавме дека ќе го добиеме натпреварот. И покрај поразот во првиот натпревар, знаевме дека сме подобриот тим. Недозволиво е од 4 натпревари против овој противник да сме победиле само на еден. Но, оваа победа е најважна. 1:2 се претвори во 5:2“, прокоментира задоволниот Мурињо.

„Добро е да се игра квалитетен фудбал, но одлично е да се победува. Загуба со добра игра може да му се допадне само на некој што се теши со размислувања за идентитетот на неговиот тим. Таквите луѓе никогаш не победуваат. Верувам дека Рома игра многу подобро отколку што мислат луѓето. Одамна не сме дозволиле пораз. Организирани сме и се снаоѓаме на високо ниво“, продолжи Португалецот.

„За време на паузата им кажав на играчите дека не е важно да го понижиме противникот кој не победи со 6:1 во Норвешка, туку да се пласираме во полуфиналето. И тимот заслужи да биде таму“, додаде Мурињо.

Слични содржини