Мурињо по поразот: Ние сме фаворит

од Vladimir Zorba

Поразот со 1:2 од Бодо Глимт не му пречи на тренерот на Рома, Жозе Мурињо. Португалецот е убеден дека неговиот тим ќе се реваншира и ќе се пласира во полуфиналето на Конференциската лига.

„Тие дадоа два гола по одбиена топка и статична позиција. Добри сме и во стандардни ситуации, но добро е кога постигнуваш гол од нив, а не кога примаш. Загубивме со 1:2, но следи реванш на „Олимпико“ пред нашите верни навивачи. Слободно можам да кажам дека сме фаворит за пласман во полуфиналето“, покажа самодоверба Мурињо.

„Целосно им верувам на моите играчи и на фановите кои ќе не поддржат. Очигледно е дека Бодо Глимт е добар тим, но сигурен сум и дека во вториот натпревар главниот судија и неговите помошници ќе бидат на ниво“, додаде Специјалниот.

Слични содржини