Мурињо по ремито со Лестер: Ако го добиеме реваншот, одиме во финале

од Vladimir Zorba

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо останува оптимист за реваншот со Лестер во полуфиналето од Конференциската лига. „Волците“ ремизираа 1-1 на гостувањето на „Кинг Пауер“ стадионот.

Реваншот е на „Олимпико“ и тоа му влева надеж на Специјалниот дека неговиот тим ќе победи на домашен терен и ќе оди во финалето.

„Прелесно ја губевме топката и затоа беше невозможно да организираме контранапади. Сепак, делувавме организирано и додека имавме енергија, успевавме да притиснеме високо како што сакавме. Во еден момент, сепак, се изморивме и го намаливме интензитетот. Убеден сум дека нашите навивачи се среќни што реваншот е на Олимпико, но и со 70.000 на стадион сепак ќе биде доста тешко, но прво треба да се фокусираме на мечот со Болоња во недела во Серија „А“. Тие се тим кој игра добро и секогаш бара победа. За разлика од Лестер, не можеме да ги игнорираме нашите натпревари во лигата бидејќи нашата цел е да завршиме на 5-то место и да се пласираме во Лига Европа. Треба да заборавиме на полуфиналето три дена и да мислиме само на Болоња“, предупреди Мурињо.

„Има што да се анализира, но има и што да се заборави. За нас е голема разлика дали ќе завршиме на 5-то или 6-то место во Серија „А“. Сакаме да бидеме сигурни дека следната сезона ќе играме во Лига Европа. Лестер е тим кој можеше да напаѓа празни места уште од времето на Раниери, а сега тие се обидуваат да се надоградат на нивните дефанзивни напади, но во исто време, претпочитаат да останат поприбрани и да бараат контранапад. Тие исто така имаат многу опции на клупата. Ќе мора да играме со срце и душа во реваншот. Да, ова ќе биде наш 14-ти натпревар во Конференциската лига, но ако победиме ќе одиме во финалето. Тоа повеќе ќе биде прашање на став отколку што било друго, изјави Португалецот.

Слични содржини