Мурињо подготвува понуда за дефанзивец на Наполи

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо подготвува бомбастична понуда за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, откако „петлите“ имаат потешкотии во одбраната. Инаку, тимот прими 16 голови на 6 натпревари под водство на португалскиот стратег.

Специјалниот сака да ја зајакне одбраната и е подготвен да потроши 90 милиони фунти за Кулибали, кого сакаше да го привлече и како менаџер на Манчестер Јунајтед.

Кулибали се уште е поврзуван со „црвените ѓаволи“, но и со Реал Мадрид.

Слични содржини