Мурињо: Подобро да загубиш еден натпревар 0-4, отколку четири натпревари 0-1

од Vladimir Zorba

Силната серија на Рома од почетокот на сезоната заврши со катастрофален пораз од Удинезе со 0-4. Волците до овој момент играа добро и овој пораз дојде како гром од ведро небо.

Сепак, тренерот Жозе Мурињо филозофски го прифати поразот и рече дека е подобро неговиот тим да загуби еден натпревар со 0-4, отколку четири со 0-1.

„Моето објаснување е дека тоа беше тежок натпревар против тежок противник кој знае да игра така. Не можете да си дозволите да заостанувате против таков противник затоа што тој знае како да се брани, како да те казни на контра напад, да користи тактички фаули, да го контролира темпото. Ако примиш гол, веќе си примил. Имавме одлична шанса да израмниме преку Дибала, кој ако не се погледне резултатот беше најдобар играч на теренот. Но после тоа Удинезе ги држеше работите во свои раце. Секогаш кога ќе контрираа, погодуваа. Нашите шанси беа стативата на Манчини и промашениот пенал, но можеби имаше и офсајд. Кога ќе се изгуби 0-4, нема што да се зборува за судијата, тоа е моето правило.. Само ќе кажам дека повеќе би сакал да загубам еден натпревар 0-4 отколку четири натпревари 0-1. Така губиме само три бода, а не 12“, кажа Мурињо.

Следниот натпревар на Рома е во Лига Европа против Лудогорец во Разград.

Слични содржини