Мурињо прекина прес-конференција за да соопшти жална вест (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Тотенхем деновиве се подготвува за дерби натпреварот во Премиерлигата против Манчестер Јунајтед.

Нивниот менаџер Жозе Мурињо одговараше на новинарски прашања пред состанокот со поранешниот клуб, кога реши да ја прекине прес-конференцијата.

Причината за тоа беше тажната вест што Португалецот ја дозна во тој момент.

Беше објавено дека принцот Филип, војводата од Единбург и сопруг на британската кралица Елизабета, почина на 99-годишна возраст.

„Извинете, ќе одговорам на вашето прашање. Жал ми е да кажам дека само што ја прочитав тажната вест за принцот Филип и би сакал да изразам сочувство до кралското семејство и да бидам многу искрен, имам длабоко, длабоко, длабоко почитување за кралското семејство. Мое длабоко сочувство“, рече Мурињо на прес-конференција.

Ова видео брзо стана вирално низ целиот Остров.

„Нема само оваа земја да ги дели овие чувства. Бидејќи не сум Англичанец, но знам дека има многу како мене кои имаат голема почит“, рече Мурињо.

Принцот Филип почина во петокот наутро, а беше во брак со британската кралица Елизабета повеќе од 73 години.

Слични содржини