Мурињо сака да го донесе Лингард во Рома

од Vladimir Zorba

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо покажува сериозен интерес за играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард. Се очекува 29-годишниот да го напушти „Олд Трафорд“ како слободен играч на лето кога ќе му истече договорот. Затоа Специјалниот ќе ја искористи можноста да го земе со себе на „Олимпико“ без да плати трансфер, пишува Мирор.

Мурињо докажува дека во Рома добро соработува со играчи кои ја поминале Премиер лигата како Хенрик Мхитарјан, Крис Смолинг, Ејнсли Мејтланд-Најлс и особено Теми Абрахам, кој ја оживеа својата кариера на „Олимпико“. Сега португалскиот стручњак е подготвен да му подаде рака на уште еден играч кој е „отпишан“ во неговиот клуб и да му помогне да се врати на своите најдобри настапи.

Специјалниот добро ги познава квалитетите на Лингард од неговиот престој во Манчестер Јунајтед. 29-годишниот играч исто така е желен да преземе нов предизвик, со надеж дека ќе се врати во својата најдобра форма и ќе избори место во тимот на Герет Саутгејт за Светското првенство во Катар.

Слични содржини