Мурињо: Се чувствувам како да сум подобар тренер отколку пред 20 години!

од Vladimir Zorba

Жозе Мурињо е на четвртото место на табелата во Серија А со Рома по седум одиграни кола.

Португалецот оствари пет победи, последната неодамна против Емполи 2:0, и вели дека ужива во тренерската работа, повеќе од кога било.

Тој верува дека е подобар тренер од кога било досега.

„Чувствувам дека сега сум подобар тренер отколку пред десет или 20 години. Ако тренерот не напредува, тоа е затоа што ја загубил страста и менталитетот што му помага да напредува секој ден“, вели Португалецот.

Искуството му помага многу да ги постигне посакуваните резултати.

„Ова не е работа каде физичката состојба е фундаментална. Тоа е сосема спротивно отколку за играчите. Искуството само ве прави подобри. Мислам само за следниот натпревар. Сите победи и освоени натпревари се во мојот џеб, ќе имам време да погледнам назад кога ќе завршам Единствено за што сакам да размислувам е следниот натпревар“, изјави Мурињо за „Ескваер“.

Сака да донесе трофеи на „волчицата“.

„Мојата намера е да донесам трофеи во овој клуб, бидејќи клубот живее од тоа, ја зајакнува сраста на навивачите. Сепак, сфатив дека љубовта кон Рома ја надминува таа глад за трофеи, тоа е вечна страст. Постои недостаток на победи и ние сме во проектот да се вратиме на патот на успесите. Ако е со мене, ќе биде совршено. Ако не, ќе биде убаво да се придонесе за создавање на иднината, остварување на сечиј сон “, посочи Мурињо.

Призна дека неговиот омилен стадион во Италија е „Џузепе Меаца“, каде што имаше многу успеси со Интер.

Слични содржини