Мурињо се надева дека Заниоло ќе остане во Рома

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Рома, Жозе Мурињо се уште се надева дека играчот од средниот ред, Николо Заниоло ќе остане во клубот и во новата сезона. За 23-годишниот фудбалер во последниве денови многу се шпекулира дека е на работ на преселба во Јувентус, а преговорите меѓу двата клуба се верува дека се во напредна фаза. Сепак, тренерот се уште се надева дека играчот ќе се предомисли.

Мурињо го пушти Заниоло против Сандерленд, и покрај тоа што играчот не тренираше целосно во последните денови, тврдејќи дека има болки. Сепак, Николо се појави на теренот и дури постигна еден од головите за успех од 2:0. Тоа беше јасен знак дека Мурињо се уште има доверба во него.

Сепак, во моментов поверојатно е дека Заниоло сепак ќе биде продаден. Дури се зборува дека договорот со Јувентус би можел да биде финализиран за неколку дена.

Италијанскиот репрезентативец пристигна во Рома од Интер во 2018 година како дел од договорот за Раџа Наинголан, кој замина за „Сан Сиро“. На „Олимпико“, сепак, талентот го разви својот голем потенцијал и стана клучен играч за Волците.

Досега за клубот има 111 настапи, 22 гола и 15 асистенции.

Слични содржини