Мурињо: Се надевам дека некој од Јувентус ќе има храброст да каже дека бевме многу подобри!

од Vladimir Zorba

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо го коментираше вчерашниот дерби натпревар во свој стил.

– Се надевам дека некој од Јувентус ќе има храброст да каже дека бевме многу подобри во овој меч. Често играв на овој стадион и победував незаслужено. Сега апсолутно заслужуваме да победиме, а загубивме.

Неговите играчи беа лути на судијата кој им призна гол, но досуди пенал што Верета не го искористи.

– Не го видов видеото што се случи, па нема да коментирам. Сепак, да го оставиме тоа настрана. Ајде да зборуваме за тоа колку добро играа моите момци. На семафорот се гледа дека загубивме, но немам зборови да кажам колку сум горд на она што го прикажаа на теренот, додаде Мурињо.

Слични содржини