Мурињо се пожали по дуелот со Саутемптон: Имам само еден здрав стопер…

од desk2

Манчестер јунајтед денеска одигра 2-2 против Саутемптон на „Сент Мери“, иако имаше негатива од 0-2 по 20 минути игра.

Португалецот денеска имаше интересен експеримент, откако од првата минута како централен дефанзивец го постави Немања Матиќ, но очигледно не му успеа планот.

„Имам само еден здрав стопер. Би сакал да го имам Немања Видиќ, но го немам, па затоа го имам Немања Матиќ, но тој е фудбалер за врска“, кажа Португалецот.

Бидејќи ги немаше Крис Смолинг, Ерик Баи и Рохо, на стоперските позици играа Матиќ, Џонс и МекТоминеј.

Кога ќе се земе во предвид дека всушност играше само еден стопер во одбраната и двајца фудбалери за врска, тогаш добро и што на крајот успеаа да извлечат реми./Sport1

Слични содржини