Мурињо си најде нова работа по само десетина дена

од Vladimir Zorba

Не требаше долго за Жозе Мурињо да најде нов ангажман. Сепак, тоа нема да биде на тренерската клупа, иако е многу тесно поврзано со фудбалот. Португалецот ќе паузира од претходната работа, па летово ќе се испроба како професионален консултант за време на претстојното Европско првенство, кое започнува во јуни.

Еминентниот „TalkSport“ потврди дека договорно го врзал Португалецот, кој го напушти Тотенхем пред десетина дена, па тој ќе ги коментира натпреварите на континенталниот шампионат, ќе дава најави и ексклузивни изјави по завршувањето на натпреварите и ќе учествува во сите емисии поврзани со Европското првенство.

– Полека ми недостасува тренерската работа, и за мене ова ќе биде нешто ново и неверојатно – рече Мурињо во своето претставување на новата работа.

Покрај оваа работа, Мурињо прифати уште една поврзана со Европското првенство. Имено, тој ќе пишува колумни за британскиот таблоид „Сан“ за време на турнирот.

Слични содржини