Мурињо со прекрасен гест: Ќе му ја исполни желбата на македонски новинар (видео)

од Nikola Popovski

На редовната прес конференцијата пред мечот меѓу Шкендија и Тотенхем, тренерот Жозе Мурињо направил убав гест кон македонскиот новинар Игор Александровиќ кој имал барање до Португалецот во чест на неговиот починат татко.

Александровиќ пред извесен период останал без својот татко, кој бил голем фан на Челзи и Жозе Мурињо. Тој многу сакал да има фотографија со Португалецот, но затоа што повеќе не е меѓу нас, желбата ќе му ја исполни Игор. Мурињо се заблагодарил и кажал дека нема никаков проблем.

На ваквиот гест на Мурињо биле воодушевени и англичаните.

Во текот на пресот пред летот на Тотенхем за Скопје, Мурињо невообичаено трпеливо одговарал на безбројните прашања на англиските новинари за ситуацијата со Деле Али. Англискиот репрезентативец од нејасни причини веќе неколку меча не е ниту на клупата за резерви и се шпекулира дека ќе го напушти клубот.

Во продолжение погледнете ја целата прес-конференција на португалскиот тренер.

Слични содржини