Мурињо составува тим за ЛШ, доаѓа засилување од Реал Мадрид?

од Nikola Popovski

Жозе Мурињо ја освои Конференциската лига и следната сезона ќе се натпреварува во Лига Европа, со обврска да обезбеди ЛШ, а за тоа му требаат засилувања.

Според извори, играчот од средниот ред на Реал, Иско би можел да го засили тимот на Мурињо.

Иско како слободен играч си заминува од Реал, а сериозна опција за него е Рома.

Не е тајна дека Мурињо го сака Дибала, но него го брка и Интер, па не е сигурно дали Рома ќе успее да го доведе. Треба да се додаде дека Хенрик Мхтарјан е блиску до заминување во Интер, како слободен играч, бидејќи се уште не се договорил со Рома.

Иско падна во втор план во Реал, па помина долго време на клупата, практично две сезони и не е ниту бледа сенка на тој незаменлив играч кој освои три врзани ЛШ како стартер со Зинедин Зидан. Иско има понуда и од Бетис.

Слични содржини